Граѓаните повторно во редици пред банките и продавниците

Додека надлежните апелираат граѓаните си тераат по свое. И ова утро можеше да се забележат гужви пред банките и супермаркетите. Некои ги почитуваа препораките и држеа дистанца некои пак гледаа што е можно побрзо да завршат работа не внимајќи на себе и тие околу нив.

Така беше пред оваа банка во населбата Ѓорче Петров каде граѓаните, претежно постари лица, не внимаваа дали се блиску едено друг. Зошто не држеа дистанца не беа расположени да објаснат.

И од спротивната страна на улицата беше сликата беше слична. Десетина граѓани чекаа пред маркетот без да внимаваат дали и колку се оддалечени еден од друг.

И на социјалните мрежи осамнаа слики каде се гледа дека не сите внимаваат на препораките, како на пример пред оваа банка во скопски Чаир.

Како одминуваше денот така се повеќе се внимаваше на редот и оддалеченоста. Пред овие две експозитури граѓаните чекаа во ред, а обезбедувањето внимаваше да нема повеќе од двајца клиенти внатре.

И пред овој маркет граѓаните внимателно чекаа во ред за да ги набават неопходните продукти. Новиот поригорозен полициски час повеќето не сакаат да го коментираат и велат дека ќе го почитуваат, но сепак поради тоа мора да купат повеќе продукти и намирници.

Некои сметаат дека полицискиот час би требало да биде барем од 17 часот бидејќи многумина се на работа и немаат време да се снабдат за претстојниот викенд.

Убавото време извади барем дел од скопјани во паркот и на кејот. Некои уживаа со своите деца, некои пак само на прошетка и џогинг. Ја регистриравме и патролата на скопската полиција која превентивно беше во паркот за да внимава дека препораките се применуваат. Велат дека денеска немале работа.

Од скопското јавно сообраќано претпријатие соопштија дека поради новиот полициски час ќе има измени на возниот ред и последните автобуси утре на повеќе линии ќе тргнат најдоцна до 16 часот, а во текот на викендот односно од петок од 16 часот до понеделник наутро автубусите воопшто нема да сообраќаат а билетарниците ќе бидат затворени.

 

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ