Граѓаните на Калгари не сакаат уште една Олимпијада

Граѓаните на канадскиот град Калгари на референдум ја отфрлија можноста за поднесување на кандидатура за организација на Зимските олимписки игри што ќе се одржат во 2026 година.

На референдумот гласаа околу 300.000 жители на Калгари, а 56 проценти од нив беа против нивниот град по 1988 повторно да бидат домаќини на најдобрите спортисти од целиот свет.

Референдумот нема обврзувачки карактер, но се очекува 15-те члена на градскиот совет на следната седница која треба да се одржи во понеделник да ја почитуваат одлуката на жителите на Калгари и ќе донесат одлука за повлекување на кандидатурата.

По евентуалното повлекување на Калгари во конкуренција за домаќин на Зимските игри во 2026-тата ќе останат Стокхолм и Милано-Кортина Д’Ампецо.

Претходно од трката за огранизација на игрите се повлекоа Сион, Сапоро и Грац додека ИОК од листата го тргна турскиот град Ерзум.

Домаќин на следните Зимски олимписки игри што ќе се одржат во 2022-та е Пекинг, а одлуката за следниот организатор ќе биде позната во јуни следната година.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ