Граѓаните без пасоши, а надлежните не може да утврдат кој е виновен

Над сто граѓани веќе се пријавиле во управните служби во МВР за да добијат пасоши кои им се потребни и кои се се помалку. Рестрикциите почнаа од вчера, а комисијата за овие барања треба да одлучи денеска. Одговорноста за огромниот пропуст и натаму нема име и презиме, а политичките ривали кои седат во иста техничка влада си ја префрлаат вината за проблемот.

Чулев како министер бара итна седница на влада за да се одлучи да им се продолжи траењето на истечените пасоши со апостилски печати во нив. Го обвинува претходникот дека не ја спровел владината одлука за стратешко решавање на проблемот кој попримил огромни размери.

Спасовски сега како премиер тврди дека Чулев треба да поднесе барање со предлог-решение и дека вината е во Чулев кој не знаел да менаџира со сотојбата.

За лошата рамковна набавка на обрасци за патна исправа е отворен предмет и во обвинителството по пријава од Чулев за Спасовски. Нова пратка од 100 илади пасоши треба да стигне најдоцна на 24-ти март. И додека траат политичките игри без одговорност, граѓаните не може да си ги остварат своите права, да извадат темно црвен документ и слободно да се движат надвор од Македонија.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ