Градинките не се подготвени за чување деца со дијабетес

Отворени за згрижување, но претежно на здрави деца. За најмалите дијабетичари проблем е посетувањето градинка, бидејќи негувателките не се обучени да им измерат гликемија и да им ја дадат неопходната доза инсулин, алармираат здруженијата. Родителите кои, сепак, одлучуват да им ги доверат своите деца на институциите, постојано се во грч дека состојбата може да им се влоши. Во исчекување се на повик од градинката за да дотрчааат и навреме да му дадат терапија на своето дете.

Во општина Кисела Вода само едно медицинско лице се грижи за здравјето на децата во вкупно 13 објекти. Градоначалникот уверува, се работи на зајакнување на кадарот, а во соработка со здруженијата во тек се и едукации на вработените во градинките. Ендокринолози ги обучуваат како да им пружат помош на децата со дијабетес.

Родителите бараат и современа терапија, апарати за контининуирано следење гликемии кај децата. Проблем остануваат и инсулинските кризи.  Траат кратко, но често се повторуваат. Здруженијата апелираат, акцент да се стави и на квалитетот на терапијата и на глукомерите, за да бидат сигурни во измерените вредности на гликемиите.

Во Макеоднија има 180 илјади дијабетичари. 40 илјади се на исулин, а 450 од нив се деца.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ