Гостивар ќе биде домаќин на вечното кошаркарско дерби

Најголемото кошаркарско дерби во Македонија помеѓу Работнички и МЗТ Скопје вчера не се одигра во салата „Градски Парк“ поради неисправност на семафорите за напад и е презакажано за денеска во Гостивар со почеток во 19 часот.

„Центарци“ мораа брзо да најдат решение за одигрување на натпреварот во рок од 24 часа, бидејќи во спротивно ќе го загубеа натпреварот со службен резултат.  Откако не можеа да бидат поправени семаорите во „Градски парк“, отпадна и можноста дербито да се игра во „Борис Трајковски“ поради зафатеност на салата, управата на најтрофејниот македонски тим реши натпреварот со лутиот ривал да го одигра во Гостивар.

За прв пат во историјата вечното дерби во рамки на првенството ќе се игра надвор од главниот град, но овие два тима веќе имаат одиграно дуел во салата „Младоср“ и тоа во рамки на големото финале во Купот во 1994 година, кога славеше Работнички.

Според информациите натпреварот ќе се игра без присуство на публика.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ