Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ (видео)

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните изборите закажани за 21 април.

Силјановска е избрана попладнево на партиската конвенција со вкупно 408 гласови. Со тоа, ја освои номинацијата уште во првиот круг.

На конвенцијата присуствуваа 553 делегати, а гласаа 519.

Силјановска беше еден од деветте кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата покрај Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.

По изборот, им заблагодари на делегатите за довербата. Рече дека многу добила од Макеоднија и дека е време да и врати за тоа.

-Мене ми е јасно дека не може да се оди на избори, а камоли да се победи ако зад вас не застане силна партија, а исто така, некој кој добил доверба од силна партија има обврска постојано да се држи до она што е најважно, односно владеењето на правото не води само во ЕУ, рече Силјановска Давкова во обраќањето по гласањето, негирајќи ги обвинувањата дека е националист.

-Не не сум националист, јас сум за владеење на правото. Законите треба да бидат во рамките на Уставот за да бидат добри. Родена сум во Охрид, во турска куќа, а од 10 години мојот брат има побратим Албанец. Може ли некој кој расте во таква средина да биде националист?, рече професорката.

Потсети на деветте позитивни извештаи од ЕК. – Советот велеше дека проблемот е во името, е па сега нека размислат. Тие се на ред да и пружат рака на Република Македонија бидјеќи од секогаш сме биле дел од Европа, посочи Силјановска.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ