Голем пожар ја проголта Богородичната црква во Париз (видео)

Пламените јазици ја проголтаа Богородичната црква во Париз. Пожарот на катедралата Нотр Дам се шири брзо- се урна и централната купола.

Причината се уште не е позната но, можно е пожарот да е поврзан со реновирањето на катедралата, кое е во тек.

Реновинарењето започна минатата година кога се појавија пукнатини во каменот по што се појави загриженост за стабилноста на објектот.

На сликите на социјалните мрежи се гледа чад во воздухот над објектот стар 850 години изграден во готски стил. Минатата година, Католичката црква во Франција бараше итна реконструкција за спасување на катедралата, која почна да се урива.

Пожарот избил на таванот во 18.50 часот и во тек е евакуација.

 Во градот владее паника и очај за загубата на ова грандиозна градба во центарот на Париз.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, го опиша како „страшен оган“ и ги повика луѓето кои се во близина да ги почитуваат ограничувањата за приближување кои ги пставија противпожарните екипи со цел да се безбедни.

„Избувна пожар во Нотр Дам”, објави париската полиција на Твитер. „Избегнувајте го тој простор и ослободете го патот за возилата на противпожарната служба и Итната помош да можат да интервенираат“, се наведува во објавата.

Полициски извор информираат дека нема жртви.

Од Елисејската палата испратија соопштение дека претседателот Макрон нема да го одржи планираниот говор за излез од кризата по протестите на жолтите елеци и се упатил кон Норт Дам.

Во тек е голема операција за гаснење на пожарот, кој избувна попладнено, а областа околу катедралата во центарот на Париз е обезбедена.

Портпаролот на катедралата рече дека целата зграда е во пламен и дека нема ништо да остане.

На видеата се гледаат пламени јазици и чусти облаци од чад во близина на нејзиниот врв, кој е опкружен со скелиња поради реновирањето на катедралата. Токму реновирањето се смета за една од можните причини за избувнувањето на пожарот.

Околу 13 милиони посетители и верници ја посетуваат црквата годишно, или во просек околу 30.000 дневно. Во најфреквентните денови, над 50.000 луѓе дневно влегуваат во катедралата. Таа е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ