Голден Стејт ја продолжи триумфалната низа

Бранителот на трофејот Голден Стејт ја продолжи триумфалната низа ја против Вашингтон ја забележа деветтата последователна победа, Оклахома славеше над Њу Орлеанс и се зацврсти на третата позиција на Западот.

Голден Стејт го совлада Вашингтон со 126:118. Најефикасен на теренот со 38 поени беше Стеф Кари, Кевин Дурент постигна 21, а ДеМаркус Казнс додаде 17 поени и шест скока. Во поразениот тим Тревор Ариза беше стрелец на 27 поени додека Бредли Бил впиша 22 поени и 10 освоени топки под обрачите.

Оклахома забележа победа од 122:116 во дуелот против Њу Орлеанс. Расел Вестбрук мечот го заврши со 23 поени, 16 асистенции и 17 скока, Пол Џорџ имаше 23 поени и 11 освоени топки, а Стивен Адамс додаде 20 поени и 13 освоени топки. На спротивната страна Џру Холидеј имаше учинок од 22 поени и 12 асистенции додека Дариус Милер забележа 21 поен и седум скока. Во останатите два натпревари триумф на гостите. Феникс – Портланд 106:120 и Лос Анџелес Лејкерс – Минесота 105:120.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ