Глоба од 2.500 евра за лице кое ја прекршило самоизолацијата

Основното јавно обвинителство Скопје до судот поднело налог за кривично дело против едно лице кое ја прекршило смаоизолацијата од 14 дена.

Лицето на 17 март, при влез на граничниот премин Табановце, потпишало изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена, бидејќи претходно престојувал во Словенија како ризична земја за ширење на заразната болест ковид-19. Но, тој не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на болеста, па на 25 март излегол од својот дом и бил во маркет.

Јавниот обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 25 евра во денарска противвредност.

За кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе и Барање за поведување подготвителна постапка за двајца малолетници, на возраст од 15 и 14 години.

Тие на 30 март, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење,  биле затекнати како се движат во близина на Железничката станица во Скопје за време на полицискиот час.​

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ