ГЕНСХАЈМЕР ПОТПИША ЗА РНЛ,СИГУРДСОН НОВ ИГРАЧ НА ПСЖ

Од наредната сезона,германскиот репрезентивец Уве Генсхајмер ќе се врати во Мајнхајм во клубот каде пред 16 години ја почна кариерата.Крилниот играч  денеска потпиша тригодишен договор со Рајн Некар Левен каде ќе остане до јуни 2022 .Генсхајмер ќе му биде клупски колега на Филип Талески,откако  ќе го заврши престојот во Париз и договорот со ПСЖ кон крајот на сезоната.Во спротива насока од РН кон тимот што го води Раул Гонзалес ќе се упати искусниот Гудјон Валур Сигурдсон.Капитенот на Исланд кој поради повреда го пропушти СП,постигна едногодишен договор со водечкиот француски тим.Крилниот ракометар е поранешен играч на Кил и Барселона.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ