ГАРИ:ИСТОРИСКИОТ МЕЧ НА АТАЛАНТА ВО ЛШ БЕШЕ БИОЛОШКА БОМБА

Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гари изјави дека сите навивачи кои присуствувале на натпреварот Аталанта – Валенсија се заразени со коронавирус.

 

Екипата на Бергамо се сретна со Валенсија  на 19-ти февруари во Милано, на „Сан Сиро“ бидејќи нивниот стадион ’’Атлети Азури’’  не ги исполнуваше критериумот за ЛШ.Аталанта победи со 4-1,славеше и на реваншот со 4-3,но според Гари историската вечер за клубот беше  биолошка  бомба.’’Вирусот беше меѓу нас и немавме идеја дека 40 000 луѓе од Сан Сиро биле заразени. Вирусот се пренесува од личност до личност. Луѓето доаѓаа во групи и имаше физички контакт “, потврди Џорџо Гари.

Бергамо  е дел од Ломбардија ,  најзагрозената област на планетата од Ковид 19.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ