Гала боксерска вечер на шампиони на Телма

Вечерва од 21 часот на програмата на Телма ќе можете да проследите директен пренос од гала боксерската вечер што се одржува во Монте Карло. На рингот во казиното во Монте Карло ќе се одржат пет борби од кои три се за шампионски појаси.

Во двата главни меча на вечерта Британецот, Халид Јафаи ќе го брани тронот во супер мува категорија во верзијата на ВБА против Израел Гонзалез од Мексико. Јафаи во досегашниот тек од кариерата во 24 меча се уште не ја почувствувал горчината на поразот додека предизвикувачот од Мексико во 25 настапи има 25 победи.

Кинезот, Фанлонг Менг ќе се бори за титулата ИБФ интерконтинентален првак во полутешка категорија, а противник му е Френк Буљони од Велика Британија. Менг во 13 настапи има исто толку победи додека Буљони во 20 меча забележал 16 триумфи.

И во главната борба на вечерта Русинот, Денис Лебедев ќе се соочи со Мајк ВИлсон во меч за титулата Светски првак во полутешка категорија во верзијата на Светската боксерска асоцијација.
Лебедев во 33 меча има 32 победи од кои 23 со нокаут додека предизвикувачот Вилсон нема пораз во 19 појавувања на рингот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ