Футсал селекцијата во втората рунда од квалификациите

По трите победи на турнирот во Скопје, македонската футсал селекција со максимален учинок се пласираше во главната фаза од квалификациите за пласман на Светското првенство.

Нашите репрезентативци беа поуспешни во трите меча против Грција, Сан Марино и Албанија и како првопласирани во оваа конкуренција во следната рунда од квалификациите ќе се играат против Украина, која е домаќин на турнирот што ќе се одигра во октомври, Словенија и Косово.

Двете првопласирани од овој турнир обезбедуваат настап во елитната фаза од квалификациите и тоа е претпоследниот чекор пред обезбедување на учество на Мундијалот што ќе се одржи во Литванија во следната година.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ