Фудбалерките ги добија противничките во квалификациите за ЕП

Денеска со жрепка беа одредени групите за квалификациите за пласман на Европското првенство во фудбал за жени што ќе се одржи во 2021 година во Англија.

Нашата женска селекција е дел од Г конкуренцијата во која ќе настапат уште репрезентациите на Франција, Австрија, Србија и Казахстан. Квалификациите ќе се играат во периодот од август годинава до септември 2020, а пласман на континенталниот шампионат обезбедуваат победниците во секоја група и трите најдобро второпласирани.

Останатите шест национални тим ќе играат бараж по што ќе бидат познати репрезентации што ќе настапат на првенството.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ