ФОТО сторија: Скопје пред и за време на полицискиот час

Почна да се применува новата мерка на Владата за зголемено времетраење на полицискиот час од 16 часот попладнево. Улиците на Скопје се празни, а жителите се во нивните домови, се со цел да се спречи ширењето на заразата од Ковид-19.

Новите владини мерки, што стапија на сила, предвидуваат забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.

Претходната недела Владата донесе одлука во Куманово за време на викендот да се воведе полициски час од 21:00 часот во петок до 05:00 часот во понеделик, а од викедот што следува на целата територија на земјата ќе биде воведен полициски час од петок од 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

ФОТО: Игор Паневски

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ