ФОРМУЛА 1: ХАМИЛТОН НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО СУЗУКА

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата за утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Јапонија.Британецот беше најбрз во квалификациите  на патеката „Сузука“ и до  осма пол-позиција сезонава, вкупно 80-та во кариерата беше подобар  од клупскиот колега Валтери Ботас.Клучна беше стратегијата на Мерцедес во променливите временски услови,за разлика од Ферари  каде двоецот Раиконен -Фетел беше далеку од посакуваните резултати.Финецот заврши на 4.место,зад Макс Ферстепен од Ред Бул,додека Фетел финишираше на  9-тата позиција.На 5 трки до крајот на сезоната,Хамилтон има 50 бодови повеќе од Фетел.Кај конструкторите Мерцедес води со 495,пред Ферари со 442 бода.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ