Формирани жалбените совети кои ќе одлучуваат по жалбите за на екс претседатeлот на Врховен, Јово Вангеловски

На трети јануари годинава конечно биле формирани жалбените совети кои ќе треба да одлучуваат по жалбите за на екс претседатeлот на Врховен Јово Вангеловски и неговата колешка Рахилка Стојковска, потврдуваат судски извори за Телма. Советите бројат по 9 члена од кои 5-мина се од највисокиот суд. Токму тоа беше  и причината што имаше застој  во процедурата и наместо во рок од 10 дена од приемот на жалбата како што стои во Законот за судски совет, жалбените совети се формираа после неколку месеци. Голем дел колегите на Вангеловски од Врховен се иземаа поради ралзични причини. Членовите на жалбениот совет биле избрани со жрепка. Сега имаат рок од 30 дена односно до 2 февруари да одлучат дали Вангеловски и Стојковска ќе бидат правосилно разрешени или постапката ќе ја врата назад во судкси совет.

Член 72 став 4 од закон за Судски совет: Советот за жалба може да го потврди или да го укине решението на Советот во случај на груба повреда на одредбите за постапката за одговорност на судија или претседател на суд.

Извори за Телма велат и дека Вангеловски има право да бара и јавна седница и лично да им се обрати на колегите за да ја образложи жалбата. Екс претседатлеот на Врховен  и судијката Стојковска беа разрешени за нестручно и несовесно постпаување поради тоа што гласаа за укинување на притоврот на бизнисменот Сеад Кочан додека беше во бегство.

Судскиот совет пред себе има уште едно известување од врховен дека веде претседателот Фаик Арслани во кабинетот кој го преземал од Вангеловски открил дека се чуваат неколку десетици предмети завршени кои останале во фиокитеи и по неговото заминување. Од советот за Телма велат дека го известиле обвинителството и антикорупциска кои можат да го истражат ова но, за сега немаат одговор од овие институции. Од судски очекуваат и Врховен да направи внатрешна истрага да направи и Врховниот суд.

Елена Муковска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ