Фон дер Лајен: Брегзит може да се одложи и по трет пат

На Велика Британија може да и се даде уште еден рок, што значи дека Брегзитот може да биде одложен и по трет пат, изјави Урсула фон дер Лајен, кандидатот за нов претседател на Европската комисија, пишува денеска весникот „New Europe“.

„Доколку на Велика Британија и треба уште време мислам дека треба да и го дадеме“, рече германската политичарка за време на нејзиното сослушување во Европскиот парламент. Иако се надевам дека ќе останете, во наш интерес е да ги надминете своите проблеми. Имаме спогодба што беше потпишана и од двете страни, што ни го дава тоа покритие. Сметам дека е тоа добар договор, но од вас зависи и ваша задача е јасно да ги кажете ставовите“, категорична е Фон дер Лајен.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ