Фјури против Валин в недела на Телма од 13 часот

По само три месеци откако славеше во дуелот против Том Шварц, поранешниот светски првак во тешка категорија Тајсон Фјури повторно ќе се појави во рингот, а противник му е Швеѓанецот, Ото Валин . Снимката од овој дуел ќе можете да ја следите на програмата на Телма утре од 13 часот.

Во пресрет на вечерашниот дуел во Лас Вегас, двајцата конкуренти се појавија на мерењето кое повторно мина во знакот на поранешниот шампион Фјури кој се појави со маска која обично ја носат мексиканските кечери. Триесет едно годишниот Фјури на мерењето тежеше 119 и по килограми или е за четири килограми полесен во однос на последниот меч против Том Шварц.

На спротивната страна Валин е за четири килограми потежок од последниот меч против сонародникот Адријан Гранат. Во пресрет на вечерашното соочување во Лас Вегас, Валин нема боксувано скоро 18 месеци откако дуелот против Ник Киснер што требаше да се одржи во април беше откажан поради позитивен тест на наркотици на противникот. Валин до овој момент има 20 меча и исто толку победи од кои дури 13 ги решил пред истекот на предвидениот број на рунди. Додека Фјури во 29 борби има 28 триумфи и еден нерешен резултат во соочувањето со Дионтеј Вајлдер.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ