ФИС ГИ КОРЕГИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЖЕНСКИОТ СПУСТ ВО КРАН МОНТАНА

Три дена по спустот во Кран-Монтана,Светската скијачка федерација  направи промена на резултатите. Победничката Софија Гоџа го задржува првото место. Според корекциите, втората позиција и припаѓа на Никол Шмидхофер, а третата  на Корин Зутер. Без подиум остануваат Јоана Хелен и Лара Гуд-Бехрами. Хелен падна на  четвртото, а Гуд-Бехарми на шестото место.ФИС спровел истрага поради проблеми со мерење на времето.Резултатите  на   четирите  скијачки не биле електронски мерени.Грешка е лоцирана  во бек-апот, рачното мерење  каде не бил точно пресметан  факторот на корекција од 13 стотинки.Со пласман на 2.место,австријката Шмидхофер во поредокот за спуст ја зголеми предноста на 90 бодови  пред сонародничката  Зибенхофер.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ