Фирмино неизвесен за дуелот со Баерн

Во пресрет на дуелот со Баерн, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се соочува со нови проблеми околу составувањето на тимот. Поради вироза Роберто Фирмино го пропушти последниот тренинг и се уште е неизвесно дали ќе биде во комбинација за соочувањето со Баварците.

Клоп за вечерашниот меч нема да може да смета на клучниот играч во одбраната Вирџил Ван Дајк кој паузира поради жолти картони, а неизвесен е и настапот на Дејан Ловрен кој се уште не ја залечил повредата на коленото.

На спротивната страна во составот на Баерн нема да бидат Конгсли Коман и Арјен Робен.

Мечот на Енфилд почнува во 21 часот, а во истиот термин се игра и дуелот меѓу Лион и Барселона.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ