Фиксните телефони во обвинителството не работат

Ако до минатата недела сите разговори од фиксните телефони во обвинителството се снимаа, сега обвинителите во зградата покрај Вардар се целосно отсечени од фиксната телефонија. Ниту некој однадвор може да ги добие, ниту тие можат да се јавуваат. Повикот прекинува и завршува уште пред да заѕвони. За да ги завршат службени обврски на обивнителите им остануваат само мобилните телефони.

Централата е исклучена бидејки хард дисковите на кои се снимале разговорите повеќе од 3 години се извадени за да се вештачат, потврдуваат од обвинителството за Телма. А токму вештачењето треба да го даде клучниот одговор, дали е ова нова и голема афера за прислушување или пак не, велат експертите.

Професорот Калајџиев додава и дека преку соодветни истраги може да се дојде до одговор на сите прашања, не само за оваа нова афера, туку и за бегството на Груевски за кое и по еден месец нема информации. Калајџиев е претседател на УО на Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој заедно со десетина невладини организации деновиве јавно побараа одговори од истрагата, но и одговорност за пропустите.

Корупцијата и злоупотребите не смеат да останат неказнети а перцепцијата на граѓаните е дека антикорупциската борба не дава задоволителни резултати. Ова е пораката со која денеска Хелсиншкиот комитет промовираше алатка за пријавување коруптивни дела. На интернет платформа prijavikorupcija.mk граѓаните ќе можат безбедно и анонимно можат да пријават корупција но и да добијат правна помоѓ .

 

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ