ФИФА:СЕНИОРИТЕ СО СКОК ОД ДВЕ МЕСТА НА РАНГ ЛИСТАТА

Прогрес од две позиции  на денешната ранг листа на ФИФА за нашата  сениорска фудбалска селекција која според денешниот извештај на ФИФА  е  делба на 71.место  со Кина. Во периодот од јуни до јули, сениорите  не одигра ниту еден натпревар.Скокот  се должи на поместувањето на листата  за земјите учеснички на  континенталните турнири  во Америка  и во Африка.

Од противниците на нашата репрезентација во квалификациите за Европското првенство , Полска е 20  на светот, Австрија назадуваше  едно место и сега е на 27-та позиција,  Словенија е  63.-та,Израел  84-ти  и Летонија е на 134. место.

Белгија се уште е водечка  светска селекција, Бразил  се проби до втората позиција по триумфот на Копа Америка на сметка на Франција:Светскиот првак падна на 3.место.Во најдобрите 10 влегуваат уште Англија,Уругвај,Португалија,Хрватска,Колумбија,Шпанија и Аргентина.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ