ФИФА РАНКИНГ: СЕНИОРИТЕ И НАТАМУ НА 68 МЕСТО

Македонската  фудбалска репрезентација  и натаму е на 68 место на ранг листата на ФИФА.Сениорите се без промена на позиција  веќе 4-ти месец или од 20 септември,кога во однос на месец август направија скок од две места а годината ја започнаа на 76 позиција.Без промена и во рангирањето на Косово.Следниот противник на нашите сениори во плеј-офот од Лигата на нации  и натаму е на 131 место.Нема промени и на врвот.Белгија е број 1 пред Франција и Бразил.Во најдобрите 10 влегуваат уште Хрватска,Англија,Португалија,Уругвај,Швајцарија,Шпанија и Данска.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ