ФФМ ЈА ИСПЛАТИ РЕКОРДНАТА ПРЕМИЈА ОД 500.000 ЕВРА НА ’’А’’РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Фудбалската федерација на Македонија ја исплати рекордната премија во износ од 500.000 евра за освоеното прво место на сениорите во групата од Лига на нации на Уефа. Раководството на ФФМ за пласманот во баражот за ЕП 2020. ја вети најголемата премија во историјата на македонскиот спорт, а паричната награда ја поделија репрезентативците и стручниот штаб во најдобарата фудбалска репрезентација на Македонија што е поставување на нов стандард и поттик за остварување на сонот,пласман на ЕП во 2020 година,истакнуваат од домашната куќа на фудбалот.Македонија во полуфиналето од УЕФА Лига на нации ќе се игра со Косово на домашен терен.Во второто полуфинале Грузија ќе ѝ биде домаќин на Белорусија. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат на неутрален терен а  победникот  ќе оди  на Европското првенство во 2020 година. Покрај шасната за место на ЕП преку завршниот сегмент од Лигата на нации,на 21. март 2019. во Скопје со Летонија  ,сениорите го отвараат редовниот квалификацискиот циклус.Покрај  Летонија  во групата се и Австрија,Израел,Полска и Словенија.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ