ФФМ и клубовите утре решаваат за продолжение на сезоната

Фудбалската федерација на Македонија на средбата со здравствените власти во земјава го презентираше протоколот за враќање на фудбалските екипи на тренинзите и продолжување на шампионатот.

За резултатите од денешниот состанок клубовите ќе бидат информирани утре за кога е закажана нова средба со членовите на Првата лига. Протоколот на клубовите ќе им го презентира епидемиологот Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје и тие ќе бидат запознаени со сите мерки што треба да се преземат за безбедно продолжување со активностите.

На утрешниот состанок закажан за 12 часот и 30 минути ќе мора да се донесе конечен став за продолжување на првенството, а главниот услов е клубовите да насочат и подготват за враќање во вообичаениот ритам на одигрување на натпреварите со точно утврдени мерки за заштита на здравјето на фудбалерите и сите лица вклучени во процесот.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ