Фетаи: „Велики Четврток“ е само датум, ослободениот Сејди Рами не се гони, а ќе има и нови докази

„Велики Четврток“ е само датум, ослободениот Сејди Рами не се гони, а ќе има нови докази. Ова се дел од измените во обвинителито акт кој Фатиме Фетаи го прочита во полна сала за судскиот случај „Монструм“, во повторениот процес пред Основниот суд, откако Врховниот суд  им ја укина казната доживотен затвор.

Бомбардиран од прашања од судечкиот совет и обвинителството на третообвинетиот Агим Исмаиловиќ му беше најтешко да одговори на детали што правел и каде бил на денот на убиствата кај Смилковскотот езеро. За него поминале долги 6 години, и по кои одново се изјасни дека е невин.

Фејзи Азири, пак, даде одгвор на сите прашања при сослушувањето. Останува обвинет за тероризам и помагање на Алил Демири, и Африм Исмаиловиќ преку црн премин да избегаат на 26 април 2012-та во Косово. Оттогаш се бараат со потерница, а и двајцата обвинети знаат каде живеат, и разговараат редовно со нив. Нивните адвокати бараат отсуството во судницата на бегалците да го решава полицијата, а не судот ,задоволни од рабтоата на специјланото обвнителство.

Во салата се слушна и гласот на родителите на момчињата кои побараа од Фејзи Азири да каже со кои политичари имал средби и телфонски разговори. Тој не криеше дека служебно разговарал со Али Ахмети, барал средба со тогашниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта, а комуницирал и со Изет Меџити. Овој месец ќе се сослушуваат и остантите, Хаки Азири и Сами Љута, а во јуни судот ќе ги вика сведоците за да го доближи до крајот повтореното судење за 6-мината обвинети за тероризам, и петмината убиени кај Смилковксотот езеро.

Павле Беловски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ