Ферстл триумфираше на супервелеслаломот во Кицбил

Јозеф Ферстл триумфираше на супервелеслаломската трка и по втор пат во кариерата се искачи на највисокото место на подиумот.

Триесет годишниот Германец прв се појави на патеката во Кицбил и на крајот за само осум стотинки имаше подобро време од Французинот, Јохан Кларе. Третото место му припадна на Доминик Парис од Италија.

Во пласманот за супервелеслалом на првата позиција со 236 бода е Винсент Крихмаер од Австралија, а веднаш зад него со три бода помалку е сонародникот Матијас Маер. Парис е трет со 230.

Во генералниот редослед за Светскиот куп супериирен со 1116 бода е Марсел Хиршер додека на второто место е Хенрик Кристоферсон со 671.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ