Фернандо Менис: „ Скопје 2014“ се завршени луди соништа

„ Скопје 2014“ се завршени луди соништа врз кои сега треба да се интервенира со поправка на плочниците и со засадување дрвја, вели големиот шпански архитект Фернандо Менис. Тој деновиве престојуваше во нашиот главен град, во рамките на меѓународниот форум на архитекти, инженери и дизајнери „  Share architecs “. Во интервјуто за Телма, Менис зборува и за предизвиците на современата архитектура, поврзани со создавањето здрава животна средина и подобри услови за живот, на луѓето.

За кои предизвици или проблеми од современата архитектура , дискутиравте на денешниот форум и какви решенија предложивте?

  • Поважен проблем што го имаме во светот, е околината. Како да правиме помалку ѓубре и да создадеме подобри услови за живот на луѓето. Од една страна, треба старите предмети да ги реновираме и да не го изгубиме минатото. Да се обидеме , чекор по чекор, во создавањето подобри услови во околината, односно за создавање подобри услови за луѓето.

Претпоставувам, го видовте т.н. проект Скопје 2014, во нашиот центар. Што предлагате нашата Влада да стори со него ?

  • Ова е многу тешко прашање. Мислам дека сте потрошиле многу пари, правејќи нешто. Сега е скоро завршено. Мене не ми се допаѓа, ви кажав, зашто сте ја изгубиле историјата. Но тоа е веќе завршено.Кога го видов плочникот, на пример, тој е во многу лоша состојба. Мислам дека на градовите им требаат урбани и козметички акции, каде што луѓето ќе можат да живеат.И во центарот, во добри услови и далеку од центарот, каде луѓето може да живеат во добри услови. Центарот е многу важен, но градот е нешто што е голем простор за сите луѓе и сите тие треба да имаат добри услови. Сега е многу тешко зашто се завршени сите видови луди соништа. Но знаете, зградите се под тие парчиња. Зградите се таму. Можеби еден ден, како јајце што се крши, луѓето ќе можат да го скршат јајцето и ќе ја најдат внатре , вистинската градба и вистинската историја. (р) По мое мислење, во овој момент, најдобро е да се продолжи да се размислува за плочникот, за квалитетот на просторот, да се засадат дрвја насекаде, Да се обидете, условите за живот да ги направите подобри.

Што бараат општествените промени од современата архитектура, денес?

  • Поважно е луѓето да го разберат местото, пред да ги разберат условите: Сонце, ветер, вентилација. И да се обидат да разберат дека треба да прават големи работи за своето здравје. Да се обидат да ги рециклираат материјалите, да се обидат да ја исчистат планетата. Да се обидат да користат трајни материјали кои се здрави за нив.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ