Фени не може да се продаде – планот за реорганизација е готов

Привршува изготвувањето на планот за реорганизација на комбинатот Фени Индустри.Стечајниот управник Мирослав Анастасиевски информира дека согласно обврската од советот на доверителите, ќе  продолжи деловниот потфат во фабриката со што ги демантира шпекулациите во јавноста  дека треба да се распише оглас за продажба на фабриката на кој ке конкурираат сите заинтересирани компании.

„Во однос на откупот на побарувањата во оваа фаза согласно Член 105 од Закон за стечај побарувањата може да се продаваат и купуваат според условите определени со Закон за облигациони односи.Стечајниот управник нема надлежност во прометот на побарувања, освен да биде известен од доверителот кој го продал побарувањето или купувачот кој го купил побарувањето“, кажа стечајниот управник Мирослав Анастасиевски.

Пред два дена претседателот на македонско бугарската комора и претставник на Минстрој, Зоре Темелковски соопшти дека давањето на Фени под закуп е спротивно на законот и дека комбинатот треба да се продаде со меѓународен оглас  преку јавно наддавање или лицитација. Тој уште побара по допрен глас да реагира и обвинителството бидејки се сомневаат во криминал во самата стечајна постапка.

Ваквата реакција уследи откако Еуроникел претставништво ан закупецот Џи сол ги повика сите доверители чии побарувања се прифатени во стечајната постапка да ги достават своите барања  за исплата, почнувајки од 12-16 март.

„Со исплата на 100 проценти од прифатените побарувања во стечајната постапка, швајцарскиот инвеститор става крај на неизвесноста за Фени индустри, ја демонстрира компетентноста на еуроникел и го започнува излезот на Фени индустри од стечајот,обезбедувајќи извесна и стабилна иднина за комбинатот, вработените и партнерите“, кажаа од Еуроникел.

Транспортерите кои со денови протестираа и го блокираа влезот во фабриката веќе ги потпишаа договорите со закупецот, а дел од нив велат дека добиле пари на сметките. Планот за реорганизација треба да прецизира како фабриката ќе продолжи со работа, колку од средствата ќе се инвестираат, колкав дел од долговите ќе се враќаат и во кој рок и колку од вработените ќе бидат ангажирани. Од 161 милиони евра кои ги побаруваа 1017 доверители на Фени, стечајниот управник прифати 67,5 милиони евра.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ