Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

Судијката Валентина Ѓорѓиевска ја потврди одлуката што ја донесе Собранието на доверители на 4. јули со која е прифатен планот за реорганизација на Фени Индустри. Планот како позитивен и перспективен беше изгласан и прифатен со 96 отсто мнозинство од доверителите.

Како што соопштија од компанијата, прифаќањето на планот значи конечно излегување на Фени Индустри од стечајот и завршување на деветмесечната неизвесност за опстојување на комбинатот. Планот, што е поднесен од ГСОЛ/ ЕуроНикел предвидува нова иднина за комбинатот, поткрепена од крупни инвестициски потфати.

– Реорганизацијата со инвестициските планови ќе донесе зголемување на производните капацитети, нови вработувања, рестартирање на втората производна линија, пазарна експанзија и зголемување на извозните можности. Реализирање на планот за реорганизација на Фени има позитивни импликации за целиот кавадаречки регион, но и за македонската економија. Покрај редовните плати на повеќе од 800 вработени и тековно зголемување на нивниот број, Фени соработува со приближно 200 компании од Кавадарци и околината, а базата на добавувачи на Фени вклучува над 1000 домашни компании, чие успешно опстојување е директно поврзано со работењето на ФЕНИ.

Планот за реорганизација и намерите на сега единствениот инвеститор во Фени Индустри, ГСОЛ/ ЕуроНикел, како што наведуваат од компанијата, е позитивно оценет и од Синдикатот на индустријата, енергетика и рударство (СИЕР), кои настојуваа стечајната постапка да се заврши што е можно побрзо и комбинатот да продолжи со работа.

ГСОЛ/ ЕуроНикел досега инвестираше повеќе од 80 милиони евра во Фени.

Комбинатот отиде во стечај со долг од 67 милиони евра и повеќе од 250 кредитори. ГСОЛ ги исплати сите доверители и ги откупи долговите на Фени, и со тоа стана најголем доверител на кавадаречката компанија, а по одлуката на Собранието на доверители и на стечајниот судија и сопственик на Фени Индустри АД.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Економија

Шпанската компнаија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со ЈП Државни патишта за изградба на делницата Фариш – Дреново

Шпанската компанија „Рубау конструксионес“ го раскина договорот со Јавното претпријатие за државни патишта за изградба...