Фејсбук казнети со 5 милијарди долари за скандалот со „Кембрич Аналитика“

Американските регулатори ќе ја казнат компанијата Фејсбук со пет милијарди долари, откако истрагата покажа дека социјалната мрежа не ја заштитила приватноста на 87 милиони свои корисници.

Истрагата беше отворена минатата година откако беше откриено дека британската консултантска компанија Кембриџ Аналитика ги користела приватните податоци на милиони корисници на Фејсбук за политички цели, односно за кампањата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016-та.

Федералната трговска комисија ја изгласале мерката со еден глас повеќе. Фејсбук немаат коментар на оваа одлука, но истата ја очекувале.  Во април на инвеститорите им е кажано дека повлекуваат голем дел од парите, што значи дека компанијата нема да биде финансиски оптоварена од оваа казна. Аналитичарите велат дека во однос на добивката на Фејсбук, казната е само удар по раката. Она што не се знае засега е какви дополнителни мерки ќе и се воведат на компанијата, или дали ќе има лични последци за извршниот директор Марк Зукерберг.

Сепак, одлуката треба да биде финализирана од судот, а никој не знае колку ќе трае оваа постапка. Ако се потврди, ова ќе биде најголемата казна што ќе ја плати една технолошка компанија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ