Фејсбук и Гугл закана за светскиот финансиски пазар

Големите технолошки компании може да предизвикаат значајни пореметувања во светскиот финансиски пазар, предупреди шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард. Опасноста доаѓа од неколку компании кои имаат широк пристап до базите податоци на нивните корисници и истовреме до вештачката интелигенција која може да биде искористена на глобалниот финансиски пазар за исплата и порамнување. Таквите компании според неа можат да ќе ги искоритат огромните бази на податоци на своите клиенти за понуда на производи. Тоа е голем предизвик за финансиската стабилност и ефикасност.

Предупредувањето пристигна од Фукуока, Јапонија каде се одржува самитот на министрите за финансии на г20.

На самитот стана збор и за затворање на даночните дупки за интернет гигантите Фејсбук и Гугл.

Една од опциите кои се разгледуваат е воведување данок за тие компании онаму каде остваруваат профит- наместо како досега на местата каде што се нивните седишта.

  • Веруваме дека глобалната економија може многу добро да функционира, и дека треба да се базира на отвореност, стабилност, транспарентност и да се заснова на правилата на меѓународниот трговски систем, смета Кристин Лагард, шефица на Меѓународниот монетарен фонд.

Ла Гард наведе дека Кина е најнов пример, каде технолошкиот раст е многу успешен во последните пет години каде се отвараат и квалитетни работни места, но загрижуваат САД со своите трговски партнерства, бидејќи во трговските војни никој не е победник.

  • Од суштинска важност за САД и за сите негови трговски партнери, вклучувајќи ги тука и Кина и Мексико, да се договорат за новиот систем кој ќе ја елиминира дисторзијата која го кочи растот. Како што сум кажала многупати, никој не може да ја добие трговкста војна, а сите страдаат, истакна Лагард.

Но дали Ла Гард доцни со предупредувањата? Биткака меѓу големите компании е веќе започната. Компанијата Фејсбук потврди дека нивната апликација нема да ја прединсталира на новите апарати на Хуавеј. Кинеската компанија Хуавеј е под американски санкции, воведени поради безбедносна сигурност и тоа среде трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон. А позитивните вести пристигнуваат од јужната граница на САД, Трамп се откажа од наметнување тарифи за Мексико, откако земјата вети дека ќе преземе силни мерки за да се справи со миграцијата.

“Тоа е добра работа”, рече гувернерот на централната банка на Јапонија, Харухико Курода, за новинарите на разговорите на Г-20 во Фукуока.

  • Фактот дека нема да има данок од 5% е добра работа. Мислам дека тоа не е добра работа само за САД и за Мексико, туку е добра работа и за светската економија, рече Курода.

На агендата на групата 20 најразвиени земји се реформите на даночните политики, борбата против перењето пари и сајбер криминалот, како и иновациите во финансиските технологии. Вчера од Кремљ и веста дека има шанса рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп да се сретнат во Јапонија.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ