Федерер повторно најдобар во Хале

Роџер Федерер по 10-ти пат во кариерата триумфираше на турнирот во Хале, Ешли Барти по победата во Бирмингем од утре ќе избие на првото место на ВТА листата.

Федерер до јубилејниот трофеј во Хале стигна откако во два сета со 7:5 и 6:1 во меч што траеше 85 минути го совлада Давид Гофан. Победата во Германија на Федерер му донесе и парична награда од 430.000 евра додека Белгијецот инкасираше двојно помалку.

А на турнирот во Квинс триумф на Фелисијано Лопез кој со 6:2, 6:7 и 7:6 забележа победа во дуелот против Жил Симон. За 37-годшниот Шпанец ова е втора титула во Лондон откако успеа да слави во 2017 година.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ