Федерер и Изнер за титулата во Мајами

Роџер Федерер и Џон Изнер ќе се борат за титулата на вториот турнир од Мастерс серијата што се одржува во Мајами. Во женска конкуренција вечерва во меч за трофејот ќе се соочат Ешли Барти и Каролина Плишкова.

Федерер без поголеми проблеми во меч што траеше 74 минути во два сета со 6:2 и 6:4 го совлада 23-от носител Денис Шаповалов и во утрешното финале ќе се сретне со седмиот фаворит Џон Изнер кој претходно со 7:6 и 7:6 славеше во дуелот против Феликс Ожер од Канада. Во женското финале кое на програмата е попладнево Барти за противничка ја има Плишкова.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ