Ф4 БУДИМПЕШТА:ЖРК ВАРДАР И ЃЕР ВО БИТКА ЗА ЕВРОПСКИОТ КЛУПСКИ ТРОН

ЖРК Вардар е пред нов предизвик.Македонската  екипа стигна до завршниот меч,европско финале на крајот  од долгата сезона  во која се наметка како еден од главните кандидати за шампионскиот  трон.Во реприза од ланското финале,ракометарките во   црвено-црни дресови ќе излезат на мегдат со Ѓер.Унгарската екипа  2017-та славеше  после продолжение со 31-30 и ја освои третата титула.Вардарки  имаат можност за реванш, за прва европска круна во  последниот натпревар  на оваа генерација ракометарки.Повеќето од нив направија трансфери во други клубови. На пат кон римечот со Ѓер во Будимепшта,ЖРК вчера  во полуфиналето го надигра Ростов Дон со 25-19.Убедлива партија во полуфиналето имаше и Ѓер со идентична разлика од 6 голови,26-20 против ЧСМ Букурешт.Финалето од женската ЛШ Вардар-Ѓер почнува од 18,часот .Натпреварот за 3.место помеѓу Ростов Дон и ЧСМ Букурешт е закажан  за 15.15.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ