Ф1 МЕЛБУРН:ХАМИЛТОН СО ПОЛ ПОЗИЦИЈА НАЈАВИ ДОМИНАЦИЈА И ВО 2019

Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес ја освои првата стартна позиција за трката во Австралија со која традиционално почнува сезоната во Формула 1.Британскиот возач имаше дуел  со клупскиот колега Валтери Ботас за пол позиција.Себастијан Фетел на Ферари заврши на П3 со заостанување од 0.7 секунди.

Мерцедес и Хамилтон најавија доминација и во 2019 .Првата  официјална квалификациска сесија покажа единствено  ривалство помеѓу тандемот на Мерцедес за 1-2 во поредокот.Ферари кои беа имресивни на тестовите за новата сезона,не ги исполнија очекувањата.Минатата сезона,Фетел  победи  после старт од третото место.

Хамилтон  со  резултат 1.20.486 на  квалификации во Алберт Парк ,се избори за шеста по ред пол позиција во Мелбурн ,осма на истата патека  и влезе во Ф1 историјата како трет пилот покрај Михаел Шумахер со 8ПП (Имола-Сан Марино ) и Аиртон Сена 8ПП (Сузука-Јапонија). Актулниот шампион ја оствари вкупно 84 пол позиција во кариерата.Од првиот ред,до петкратниот светски првак  утре ќе стартува финецот Валтери Ботас кој беше побавен од клупскиот колега во Мерцедес за 0.112 секунди.Најбрзото  Ферари го управуваше Себастијан Фетел.Германецот заврпи на П3 со 0.704 од резултатот на Хамилтон,Леклер е петти на гридот.Најдобар од ”останатите ” е Макс Ферстапен од Ред Бул со пласман на 4.место.На 6 и 7 позиција завршија пилотите на Хас,Грожан и Магнусен.Дебитантот Ландо Норис од Мекларен финишираше на П8.Роберт Кубица кој се врати во Ф1 после  пауза од 8 години од тешката несреќа на рели трка,беше последен,20-ти зад клупскиот колега од Вилијамс, Џорџ Расел.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ