Ф 4 СЕХА ЛИГА: ВАРДАР ПРЕКУ МЕШКОВ БРЕСТ ДО ФИНАЛЕ СО ЗАГРЕБ

Вардар успешно стартуваше на Ф4  турнирот во Белорусија,откако со 25-23   го победи домаќинот Мешков Брест и закажа нова пресметка со стариот ривал Загреб.Македонскиот шампион кој ја брани титулата и го напаѓа петтиот наслов во 8. годишната историја на Сеха лигата, како фаворит имаше   проблеми во денешното полуфинале  во вториод дел,но го имаше и расположениот Милосављев.Првите 15. минути минаа во изедначена игра.Вардар имаше стартна предност,Мешков пак, поведе со 5-3 во 8. минута.До крајот на полувремето,екипата од Скопје успеа да ја стабилизира играта и замина на пауза со 14-10.Залихата  од 4. голови  на Вардар  ,Мешков Брест  ја неутрализираше до 45 минута.Домаќинот изедначи па и поведе со голот на Ѓорѓиќ што ја принуди скопската екипа да извлече максимум во завршницата и  на крајот да го завери седмото Сеха финале со 25-23.Наефикасен кај Вардар беше    Стоилов со 7 голови,Криштопанс  постигна 5.На голот, извонредниот Милосављев одбрани 15  удари.Финалето Вардар-Загреб ќе се игра утре од 19.00.Претходно од 16.30 во мечот за 3.место во Брест ќе се сретнат  Мешков и Нексе кој во денешното прво полуфинале загуби со 28-23 од Загреб.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ