Европските земји ги олабавуваат мерките – СЗО предупредува од нов бран на зима

Голем број на владите во европските земји ги релизираат плановите во неколку фази за либетализација на рестриктивните мерки за заштите од пандемијата на коронавирусот, но СЗО упати ново предупредување дека се  очекува втор посмртоносен бран на коронавирус инфекции оваа зима.

Шпанците дури и излегоа на протести против владата која според нив си ја зајакнува моќта и контролата над населението ограничувајќи ја слободата на движење. Демонстрантите носеа знамиња и лонци и тави и оддржуваа дистанца додека маршираа кон владините институции.

Но, на северот на Франција веќе се затворени седум училишта поради заразено дете со ковид-19. По двомесечната пауза и Аврстрија ги отвори училишта, но во Виена поради сомневање за појава на инфекција, затворено е едно училиште. И Словенија, земјата која прогласи крај на епидемијата со Ковид – 19 од денеска ги отвора и градинките и училиштата. Албанија пак го намали траењето на полицискиот час.

Белградскиот аеродром е отворен на ограничен број комерцијални летови. Авион на Виз Ер полета од аеродромот Никола Тесла кон Лондон.

  • Ме чека синот и таму ќе морам две недели да бидам во карантин, драго ми е што патувам назад, ми недостасува мојата внука и целото семејство, вели еден патик- вели патниик за Лондон.

Со враќање во училишните клупи на сите средношколци, со отворање на археолошките локалитети, меѓу кои и Акропол, со отворање на зоолошките градини, дозволено патување во континентална Грција и на Крит, но и со отворање на моловите и трговските центри, една недела порано од планираното, од денеска во Грција започнува третата фаза на олабавувањето на рестриктивните мерки и постепеното враќање во „новата нормалност“.

Во аптеките се практикува издавање на рецепти по електронски пат но постарите лице се уште не се добро запознаени за да го применуваат ова олеснување.

  • Тоа е генерално позитивен чекор кон препишување на лекови, така што мјоже да се избегне стоењето во редови во лекерските ординации, но тоа создава и проблеми, бидејќи поголемиот број постари луѓе не се запознаени со технологијата. Тешко е да се регистрираат и примат рецептите кога ќе ни ги донесат да ги обработиме, истакна Пантелис Николаидис, фармацевт.

Пред влезот на Акропол веќе се поставени потребните ознаки. За посетителите постои препорака да носат заштитни маски и да имаат антисептички средства, ќе влегува само конкретен број лица на секој час, а ќе има и посебен процес за влез и излез на посетителите.

Во четвртата и последна фаза за месец мај, следниот понеделник ќе се отворат кафулињата, рестораните и таверните и тоа една седмица порано од планираното.

Од 8-ми јуни во Белгија ќе започне да се одржуваат и спортски и културни натпревари.

Голем број фирми во Италија, како и баровите и фризерниците ги отворија вратите по двомесечен карантин. Мерките го следат падот на бројот на евидентирани смртни случаи на дневно ниво.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ