Европските сили го активираа механизмот за разрешување на споровите во нуклеарниот договор со Иран

Главниот дипломат на ЕУ потврди денеска дека европските сили го активирале механизмот за разрешување на споровите во нуклеарниот договор со Иран, откако оваа држава продолжува да се повлекува од обврските кои ги има преземено.

Во заедничката изјава, Велика Британија, Франција и Германија го информирале шефот на европската надворешна политика, Јосеп Борел, кој го надгледува спроведувањето на договорот, дека заради постапките на исламската република немаат друг избор, освен да изразат загриженост дека властите во Техеран престанале да ги исполнуваат своите обврски.

Иран ги суспендираше сите ограничувања на своето производство на збогатен ураниум, кој може да се користи за производство на гориво за реактор, но и за нуклеарно оружје.

Оваа одлука беше образложена како одговор на санкции кои САД ги спроведоа кон Иран, откако се повлекоа од договорот за нуклеарната програма за Иран во 2018-тата година.

Борел тврди дека активирањето на механизмот не е со цел да се воведат санкции против Иран, туку да се надмине проблемот во имплементацијата на договорот.

 

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ