Евроголот на Фелипе го спаси Вардар против Шкендија

Вардар и Шкендија одиграа реми 1-1 во првиот натпревар од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија.

Со овој резултат заврши и првиот нивни меѓусебен дуел во првенството, што се одигра пред 10 дена во Тетово. По мирното прво полувреме, вистинските возбудувања се случија во вторите 45 минути.  Шкендијаповеде во 63-тата минута преку Бесарт Ибраими, кој во против напад претрча 40-тина метри по левата страна и го матираше Филип Гачевски. Вардар го израмни резултатот во 79-тата минута преку Хуан Фелипе, кој постигна прекрасен гол од слободен удар.

Реваншот на „Градскиот стадион“ во Тетово е закажан за седми март, по што ќе се знае кој тим ќе игра во полуфиналето, каде што веќе се пласираа Академија Пандев, Пелистер и Ренова. Полуфиналните двојки ќе бидат одредени со ждрепка.

Фото: Спорт1.мк

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ