Еуромакс најавува нови партнери за рудникот Иловица

Компанијата Еуромакс најавува нови партнери коишто ќе инвестираат во проектот за рудникот за злато и бакар Иловица-Штука. Според соопштението на Еуромакс, нова канадска групација, Трафигура груп купила акции и станала партнер. Овој е одговорот на Еуромакс на барањето на Владата да се преиспита исполнувањето на договорот. Тие тврдат дека ќе работат по најсовремена технологија и дека се откажале и од употребата на цијанид во процесот на преработка на рудата.

Но овие аргументи не се ниту валидни, ниту влијаат на мислењето на најголемиот број жители во селата Иловица и Штука. Тие велат дека ридот со рудникот им е над глава и не сакаат од него да се вади руда.

Истекува рокот од седум дена којшто му го даде Владата на Министерството за економија, во којшто треба да се провери дали се исполнети условите за еднострано раскинување на договорот за концесија за експлоатација.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ