Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката со четворица ракометари

Еурофарм Пелистер на големо се подготвува за идната сезона, па по доаѓањето на Марио Танкоски и Јосип Периќ, почна со обновување на договорите со актуелните ракометари.

Во Битола и натаму ќе играат специјалистот за одбрана Милорад Кукоски, како и интернационалците Милан Џукиќ, Елмир Граџан и Марин Вегар.

„Очекуваме дека нивното ракометно знаење, професионалност и искуство ќе бидат од огромно значење за нашата екипа во борба за шампионската тиула наредната сезона“, велат од таборот на Еурофарм Пелистер.

Претходно од клубот си заминаа украинските интернационалци Владислав Остроушко и Олександар Шевелев, како и Хрватот Ловро Јотиќ.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ