ЕУ го потпиша договорот за Брегзит

Двајцата највисоки претставници на ЕИ, претседателите на Европската Комисија и на европскиот совет, Урсула Дон Дер Лајен и Шарл Мишел, денеска го потпишаа договорот за разводот на Велика Британија од унијата.

Со нивното официјално парафирање – текстот на договорот на 29-ти ануари ќе биде поднесен и во европскиот парламент на ратификување.

Потоа следниот четврток дипломатите од државите-членки на ЕУ ќе треба и писмено да го одобрат договорот, со што ќе го гарантираат напуштањето на Велика Британија на заедницата точно на полноќ на 31-ви јануари.

„Шарл Мишел и јас тукушто го потпишавме договорот за повлекувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, што го отвара патот за негово ратификување од европскиот парламент”, напиша на твитер шефицата на комисијата, Урсула Фон Дер Лајен.

Во одделен твит Мишел напиша: „нештата неизбежно ќе се сменат, но нашето пријателство ќе остане. Почнуваме ново поглавје како  партнери и сојузници. Се стремиме оваа нова страница да ја напишеме заедно“.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ