Ескалација на протестите во Хонг Конг

Еден полицаец пукал со пиштол за време на денешниот протест во Хонг Конг, што е прва употреба на вистинска муниција од кога почнале собирите во јуни. Ова, исто така е прв протест каде полицијата на улица изнесе водени топови.

Полицијата, за локалните медиуми изјавила дека пукањето било за предупредување на демонстрантите и дека неколку полицајци се одведени во болница.

Сликите на социјалните медиуми покажуваат дека возилата се возат низ улиците, каде група демонстранти поставиле блокади на патиштата и ископале цигли од тротоарот.

Неколку лица беа хоспитализирани во саботата по насилните судири.

Најновата рунда насилство доаѓа по затишјето мир што траеше речиси една недела.

Протестите започнаа на 3 април кога владата на Хонг Конг воведува закон за екстрадиција во Кина на жителите осомничени за кривични дела.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ