Ердоган до ЕУ: Ќе ги отворам „портите“ кон ЕУ за сириските бегалци ако сметате дека вршиме инвазија во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги „отвори портите“ за сириските бегалци од неговата земја кон Европа, одвивајќи ги критиките на Европската унија за тековната воена офанзива во североисточна Сиријa.

– Вие не можете да ја оквалификувате нашата операција како инвазија, изјави Ердоган во Анкара во порака до ЕУ.

– Тогаш ќе ги отвориме портите и ќе испратиме 3,6 милиони бегалци кон вас, нагласи Ердоган. Тој  додаде дека турската воена операција е насочена само кон „елиминирање на теророт”.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ