Елими негираше сопствена изјава која ја дал во СЈО

Бил во општинската изборна комисија во Чаир ноќта по првиот круг на изборите во 2013-та, за да ја почека сопругата која била ангажирана тој ден за изборите. Не влегол во просториајта за аналитика. Ова кориданторот на пратеничката група на ДУИ го кажал во првиот исказ даден во СЈО. Занел дека е осомничен, и дека се води предистрага за уништување изборен материјал, а се согласил дека ќе соработува со СЈО, за денеска во долга вербална расправа со обвинителката Фетаи и приговри до судот да го негира исказот даден во СЈО.

Мојата сопруга Јетмире беше претседател на избирачкиот одбор во Општина Чаир. Ја чекав сопругата во холот од 15 до 20 минути дури не заврши. Не влегов во просторијата за статистика. Не сум разговарал со никого од Општината, .

рече Елими

Елими го негиаше записникот бранејќи се дека е составен без присуство на записничар и без видео запис иако ставил потпис на записникот и немал забелешки, па оттука обвинителката Фатиме Фетаи побара да ги прочита неговите зборови од пред две години.

Јас во СЈО бев повикан како сведок, а не како осомничен. Не знаев дека ќе се злоупотреби мојата изјава. За да се заврши работата побрзо и поради обврски во Владата, дадов исказ да помогнам во истрагата, бидејќи сум невин, и си заминав,

рече Елими.

Според обвинението Елими заедно со првообвинетиот Исмет Гури уништувал материјали, а претходно кажал во СЈО дека се познаваат по партиска линија. Судењето за нив почна одново откако судијката Оља Ристова побара да се изземе од предметот. Наредното соочување судот се обврза дека ќе обезбеди сведок на видео-конференција кој во моментов е во Германија, а во секој нареден месец закажа по едно рочиште со што предметот предвремените парламентарни избори ќе ги дочека без пресуда.

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ