Експерите за Расадник: Не смее да има згради повисоки од пет ката

Стотте згради кои ќе се градат во Расадник не треба да бидат повисоки од пет ката – стои во анализата на експертите од кои граѓантите на Кисела Вода побараат спас од предол Деталниот урбанистички план.

Во архивата на општината освен 185 претсавки и 60 анкетни листови стаса и една експертска анализа.

Во анализата до која дојде Телма, стои дека повеќето згради ќе бидат на седум ката, што се коси со правилницити за градба. Градоначаникот Филип Темелковски, пак во неколку наврати деновиве кажа дека ќе има и 15 катници.

Експертите кои го проучувале предлог Деталениот урбанистички план забелешки имаат и за растојанието од една до друга зграда со што ќе се намали и струењето на воздухот. 

На многу места не се запазени растојанијата од маркицата до соседната градежна парцела илипак кон улицата, а наместа и зградите се на многу мало меѓусебно растојание со што сенамалува квалитетот на живеење,

се вели во експертската анализа.

Станарите во Расадник и сега немаат каде да ги паркираат автомобилите. Паркирани возила на тротоарите и метеж во сообраќајот е слика која во Расадник уште долго ќе се гледа, ако се даде амин на ваквиот урбанистички план. Експертите тврдат изградба на двбе нови улици не е решение, а не постои опција да за повеќе конекции со главните булевари.

Предлог Деталениот урбанистички план за Кисела Вода деновивие наиде на рекации од граѓаните , кои се противат на единствениот слободен простор во Расадник да никнаат 100 згради. Тие 10 дена поднесува забелешки и претсавки. Јавната анкета заврши вчера , на потег е општината.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ