Ексклузивно за Телма: Бришковска вели дека ќе даде исказ по тврдењата на Нинџа, доколку биде повикана од обвинителството

Пред почетокот на денешното рочиште за „Титаник“ во кое една од обвинетите е и поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришковска Бошковска, пред камерата на Телма рече дека доколку биде повикана од обвинителството и таа би дала исказ по тврдењата кои обвинетиот Александар Василевски Нинџа ги изнезе пред судот за 27 април.

Нинџа рече дека на критичниот ден таа разговарала со тогашниот собраниски спикер Велјаноски и дека дала насоки да се отворат вратите на Собранието.

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ