Екс шефот на кабинет на Мијалков, Јакимовски осомничен за незаконско трошење пари од УБК

Само што излезе од судот, екс шефот на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски алфите повторно го вратија во судот. Откако му заврши рочиштето за Таргет Тврдина каде е меѓу обвинетите, Јакимовски е изведен пред судија на претходна постапка во истиот суд.  Државното Обвинителството за организиран криминал и корупција побарало притвор за него откако отвори нова истрага. Јакимовски и уште други тројца вработени во УБК  се осомничени дека за десет години проневериле повеќе од 800 илјади евра пари на УБК.

Во периодот од јануари 2007 до мај 2017 година, осомничените како службени лица во Управата за безбедност и контраразузнавање, со неизвршување на своите службени должности, постапиле спротивно на „Упатството за користење на средства за посебна намена на УБК“. Во наведениот временски период, во 172 наврати, осомничените подигнале парични средства за кои поднесувале барања и стални признаници за износите што ги подигнувале, Обвинителство за организиаран криминал и корупција.

Според обвинителстовто осомничените не само што незаконски ги трошеле парите туку на крајот на секоја година ги уништувале документите за исплата. Како се трошеле парите било нотирано во Главните книги за евиденција н отокму тие без никакво одобрение од директорот на УБК и без записник исчезнувале од архоивите. Копија од прегледите извештаите и главната кникга не останувале никаде открило обвинителстовот. Поради ова се бара притворот за поранешниот началник на таканаречената прва управа во УБК Јакимовски и уште тројцата вработени. Тој е обвинет и во Трезор и Таргет Тврдина кои пак ги води специјалното обвинителство и постојано се појавува на рочиштата како што тоа беше и денес. Јакимовски беше и директор на СЕЛЕК – организацијата којашто се бори против организираниот криминал во Југоисточна Европа.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ